Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Привремената грчка Влада денеска ќе положи заклетва

Привремената грчка Влада денеска ќе положи заклетва

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 28.август 2015 (ИНПРЕС) – Новата привремена Влада на Грција, што ќе ја води земјата до парламентарните избори, денеска ќе положи заклетва.

Времената премиерка на Грција, Василики Тану која вчера положи заклетва, синоќа и официјално ја презеде функцијата од Алексис Ципрас.

– Со задоволство Ви посакувам добредојде, бидејќи ја поздравувам првата жена премиер во историјата на грчката демократија. Сигурен сум дека и вие и Владата која утре ќе ја именувате ќе работите најдобро што можете. Сакав да Ви посакам се најдобро. Ќе сторам се што е можно да се одржат избори во цивилизирана средина, рече Ципрас на средбата со Тану.

Грчката премиерка, пак, рече дека иако главната улога на привремена Влада е да спроведе избори, можеби ќе треба да се преземе и дејствија за тековните кризи, како што е миграцијата.
– Главната улога на привремената Влада, како што знаат сите, е да спроведе фер избори. Но, верувам дека оваа Влада ќе биде повикана да се справи со клучни прашања, како што е миграцијата, изјави Тану, додавајќи дека нејзината Влада ќе стори се за да ги извршува своите обврски на најдобар можен начин.

Во меѓувреме, грчката државна агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои извори, го соопшти составот на привремената Влада.

Министер за надворешни работи ќе биде Петрос Моливијатис, министер за финансии Јоргос Хулиракис, министер за одбрана Јоанис Јангос, министер за внатрешни работи Андонис Манитакис, за административни реформи Михалис Спурдалакис, за цивилна заштита Андонис Макридимитрис, за култура Марина Ламбраки-Плака, за правда Димитрис Папангелопулос, за економија Никос Христодулакис, за образование Фросо Киау, за транспорт Христос Зоис, за труд Димитрис Мустакас, за туризам Алкистис Протопсалти, за здравство Атанасиос Димопулос, за борба против корупцијата Панајотис Николудис, додека портпарол на Владата ќе биде Родолфос Моронис.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Потпишан договорот за разграничување меѓу Црна Гора и Косово
Next Грција го осуди уривањето црква во Албанија

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.