Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пристигна лекот „Трикафта“, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

Пристигна лекот „Трикафта“, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

1 min read

Скопје, 9. март 2023 (ИНПРЕС) – Лекот „трикафта“ за пациентите болни од цистична фиброза пристигна на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Обезбедена е годишна терапија за седум возрасни лица и едно дете, а бидејќи се успеало да се издејствува пониска цена за лекот од предвидената, поднесено е барање до ФЗО во рамките на истиот буџет, да бидат вклучени уште четворица пациенти.

– На Клиниката примаме шест пациенти, а два пациенти ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Очекуваме да започнеме со терапија овие денови, кај некои пациенти од утре или наредните денови. Очекуваме позитивен ефект од терапијата во однос на подобрување на нивната белодробна функција, подобрување на квалитетот на животот, на нутритивниот статус, намалена зачестенст на хоспитализациите и секако, поактивен живот на овие пациенти“, објасни проф.д-р Стојка Фуштиќ, директорка на Детската клиника.

Нема достапен опис

Потенцира дека двајца од пациентите кои се во најкритична состојба ќе бидат третирани на пулмологија.

– Ефектот од терапија тука е неизвесен, но секако ќе пробаме, ако можеме да им го подобриме белодробието, кое е основно за нивниот квалитет на живот“, додаде директорката.

Лекот „трикафта“ е современа таблетарна терапија, пациентите ќе ја примаат дома и нема да се врзани со хоспитализација.

– Ова е годишна терапија, ќе им ја даваме еднаш месечно, две таблети наутро од комбиниран модулатор и една навечер од еден модулатор. Ќе ја примаат дома и не се врзани со хоспитализација, додаде д-р Фуштиќ.

Министерот за здравство Фатмир Меџети изајви дека во соработка со надлежните институции се реши најгорливто прашање на оваа категорија пациенти и очекува со оваа терапија значително дасе подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза.

Нема достапен опис

Напомена дека продолжуваат заложбите, во соработка со премиерот за изнаоѓање решение за останатите засегнати со оваа дијагноза.

По притисокот на јавноста и протести на пациентите со цистична фиброза, Владата ги заврши административните процедури за итна набавка на лекот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Лазаревски: Македонската Традиционална Таеквондо Федерација е прва федерација со седиште во Охрид, ќе работиме на уште поголема популаризација на овој спорт
Next Денеска се очекува одлука за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.