Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжуваат преговорите за повторно обединување на Кипар

Продолжуваат преговорите за повторно обединување на Кипар

Никозија, 12.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Претседателот на Република Кипар Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи денеска ќе остварат средба во четири очи во рамки на директните преговори, на кои се бара решение за повторно обединување на островот.

Кипарскиот владин портпарол Никос Христодулидис изјави дека преговорите меѓу двете страни постигнале напредок за значајни теми.

Меѓутоа се уште постои разминување и несогласување, за други, исклучително важни прашања. Тој изрази надеж дека за тие теми ќе се зборува во ноември, кога се очекува средбите на двајцата лидери да станат поинтензивни.

– Решението на кипарскиот проблем треба да ја земе предвид загриженоста на двете етнички заедници, а не само на едната. При тоа, решението не смее да има победници и поразени, изјави кипарскиот претседател. (Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Невремето во Албанија однесе една човечка жртва
Next Србија очекува УНЕСКО да го одбие барањето за членство на Косово

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.