Охрид, 1. јуни 2023 (ИНПРЕС) – И оваа година во Охрид продолжува негативниот природен прираст.
Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците јануари,февруари и март се родиле 103, а починале 166 лица, односно се бележи прираст од -63.
И соседните општини во првиот квартал годинава бележат негативен прираст. Во Дебрца се родиле само 6 бебиња, а починале 24 лица. Во Струга пак регистрирани се 117 новороденчиња, а починале 137 лица.
Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 35 двојки, а имало 11 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле дури 81 брак, а не се евидентирани разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови, а имало еден развод. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива