Охрид, 27. мај 2026 (ИНПРЕС) – И оваа година Охрид ја започна со негативен природен прираст.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во месеците јануари, февруари и март се родиле 94, а починале 182 лица, односно се бележи прираст од -88.
И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 8, а починале 15 лица. Во Струга во првиот квартал исто така се бележи негативен прираст, се родиле 102, а починале 139 лица.
Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 44 двојки, а имало и 20 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 59 бракови, а евидентирани се 13 разводи. Во Дебрца се евидентирани два склучени бракови и нема разводи.
На државно ниво во првиот квартал од оваа година имало 3.380 живородени деца, а починале 5.342 лица, со што се бележи негативен прираст од -1.962. Во анализираниот период споредено со истиот од 2025 година се бележи намалување на бројот на склучени и зголемување на бројот на разведени бракови. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
