Белград, 16. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Во Брисел ќе продолжи техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, пишува денеска српскиот весник Blic.
Српската делегација ќе биде предводена од директорот на владината агенција за Косово, Марко Ѓуриќ.
Се очекува на средбата да биде дискутирано формирањето на Здружението на српските општини, како и прашањата поврзани со телекомуникациите и енергетиката. (Крај)
извор: Blic фото: архива







