Охрид, 23. август 2023 (ИНПРЕС) – Со изложбите за флора и фауна на Охридското Езеро и Потонатото културно историско наследство, синоќа продолжи Фестивалот на водени спортови Ohrid water festival.
Спортските настани во рамки на оваа нова охридска приказна започнаа во саботата, со пливачки митинг и Меѓународна охридска веслачка регата, вчера се одржаа кајак и кану регата на мирни води и триатлон.
Денес во рамки на програмата се два спортски натпревари – натпревар во едрење Експрес сејлинг трки на 5 и 10 км на отворени води.
Програмата во рамки на деветте фестивалски денови сé до 27-ми август, опфаќа 17 спортски настани, надополнета со голем број социјално-забавни настани.
извор: ИнПрес фото: архива