May 29, 2015

Загреб, 29. мај 2015 (ИНПРЕС) – Демобилизирани борци кои вчера цел ден протестираа во Загреб барајќи разговор со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, не се откажуваат од своите намери.

Во еден момент синоќа реагираше и интервентната полиција кои ги натераа бранителите да се повлечат во црквата Свети Марко каде се уште се наоѓаат.

Во Загреб вчера имаше собирање на голем дел од хрватските бранители и воени инвалиди кои протестираат пред ресорното министерство.

Пред црквата е поставена метална бариера која спречува какв било влез или излез од црквата, а полицијата денеска им соопшти дека секој кој ќе излезе од таму веќе нема да може да се врати внатре. Полицијата забранува на бранителите да им се достави храна и вода.

Во прашање се бранители кои повеќе од 220 дена протестираа во шатор пред ресорното министерство барајќи оставка од министерот Предраг Матиќ и негови соработници бидејќи сметаат дека не направиле ништо за нивните права.

Демобилизираните борци на прес конференција рекоа дека не поставуваат ултиматуми туку само сакаат разговор со премиерот, пренесуваат хрватски медиуми. (Крај)

извор: МИА фото: архива