Атина, 21. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Фармерите во Грција ги блокираат со трактори патиштата низ целата земја, протестирајќи против промените во пензиските реформи и укинувањето на даноците, соопштува телевизија ERT.
Тракторите се поставуваат на главните крстосници. Фармери со стотици трактори, следени од полицијата, стигнаа до пунктот Темпе во близина на градот Лариса во централниот дел на земјата. Таму ќе останат до 28 јануари.
Во областа Тесалија земјоделците ветуваат дека ќе постават по патиштата над 1500 трактори.
Во областа Арголида, на полуостровот Пелопонез неколку десетици фармери со црни знамиња организираа протестен марш.
На протестите во Солун вчера се собраа фармери со земјоделски машини. (Крај)
извор: ERT фото: архива