Атина, 20. мај 2015 (ИНПРЕС) – Нема ни година од владеењето на СИРИЗА во Грција, а се нижат протести.
Последните протести се иницирани од лекарите од државните болници. Тие излегоа на штрајк со барање за поголемо финансирање во здравството. Државните службеници протестираат и против приватизацијата, а владата на СИРИЗА води безуспешни преговори за финансирање. Лекарите во државните болници во Грција се во 24 часовен штрајк. Болниците работат само со тимови за итни случаи. Протестите на лекарите почнаа пред Министерството за здравство.
Денес во час штрајк се и вработените во јавниот сектор со барање да се прекине приватизацијата и СИРИЗА да ги почитува предизборните ветувања. (Крај)
извор: Kathimerini фото: архива