Пука Козметика и охридска рап екипа ја снимија „Жал за Ефтина“ (Видео)
August 14, 2023

Охрид, 14. август 2023 (ИНПРЕС) – „Жал за Ефтина“ е името на новата песна која е заедничка соработка на пионерите на македонскиот рап Пука Козметика од Скопје со охридските рапери Бед Контракт, Багзи, Топал и Вик Какаротски.

– Песната е инспирирана од поема на Роксан Казанова, а се обработува темата за сите девојки кои го ставаат материјалното пред емоциите, порачуваат од тимот кој работеше на песната.

Песната е снимена во МВП студиото во Охрид, музиката е на Пука Козметика и Наум Доловски- Мечка кој го изработи и аранжманот, додека текстот е заеднички на сите музичари кои се дел од проектот.

извор: ИнПрес фото: архива