Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пчеларското здружение „Охрид“ одбележа 50 години успешна работа

Пчеларското здружение „Охрид“ одбележа 50 години успешна работа


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 12. април 2024 (ИНПРЕС) – Со пригодна свеченост, печеларското здружение „Охрид“ одбележа значаен јубилеј, 50 годиини успешна работа.

Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.

– Во текот на изминатите пет децении, ова здружение има дадено голем продонес во развојот на земјоделството во нашиот регион, промовирајќи го значењето на пчеларството и производството на мед, како неизоставен дел од нашето секојдневие. Пчеларството не е само земјоделска гранка, туку е и важен столб на целиот екосистем, а пчелните производи се силна алка во исхраната на човекот и заштитата од болести. Пчеларското здружение преку своите членови и искусни лица овозможува ресурси и знаење кои создаваат поволни услови за одржливо пчеларство, одгледување на здрави пчели и производство на висококвалитетен мед, рече Китески.

Тој упати признание и благодарност до основачите на здружението и сите активни членови, кои го одржуваат и градат, ги следат современите трендови и го позиционираат Охрид на мапата на успешни пчеларски региони.

На свеченоста што се одржа во големата општинска сала се обрати и претседателот на здружението Наум Трпчески. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Со техниките на Школата за брзо читање и мудро учење до полесно учење, поголем фокус и мотивација за извршување на училишните обврски
Next Во вторник ќе се одржи 40. седница на Советот на Општина Охрид

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.