Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Работилница за знаковен јазик денеска во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик денеска во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик денеска во охридската гимназија

Охрид, 18. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Денеска од 12:30 часот во библиотеката на ОСУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи работилница за знаковен јазик.

Настанот е во организација на младинската заедница при гимназијата, а во рамките на кампањата „Јас се грижам!“ и по повод одбележувањето на месец февруари – месецот на ретките болести. Работилницата се реализира во соработка со Здружението за глуви и наглуви лица – Охрид, кое преку практични примери и интерактивен пристап ќе ги запознае учениците со основите на знаковниот јазик и со значењето на правилната комуникација со лицата со оштетен слух.

Присутните ќе имаат можност да научат основни знаци и изрази, да се запознаат со предизвиците со кои се соочуваат глувите и наглувите лица, но и да развијат поголема емпатија, разбирање и почит кон различностите во нашето општество. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во недела, на Прочка, во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Емшири 2026“
Next Крводарителска акција со учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.