February 15, 2016

Тирана, 15. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Албанскиот премиер Еди Рама по средбата со американслкиот државен секретар Џон Кери изјави дека земјите од регионот треба да бидат дел од НАТО.

– Албанија се радува на поканата за Црна Гора да стане членка на НАТО. Тоа и го посакуваме и на Македонија. Затоа посакуваме Македонија што побрзо да се ослободи од грчот кој ја чува блокирана на нејзиниот пат кон НАТО и истовремено да се исполат сите обврски од Охридскиот договор, изјави Рама.

Косово и Србија, додаде Рама, потребно е да го продолжат дијалогот.

– Не е лесен дијалог, уште помалку е лесно имплеметирањето на договорените нешта. Но, дискусијата е единствен пат во правец на успехот за секого, и за регионот во целина, нагласи Рама. (Крај)

извор: МИА фото: архива