Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Рама: Посетата на Србија е нов почеток за целиот Балкан

Рама: Посетата на Србија е нов почеток за целиот Балкан

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Тирана, 5. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Претстојната посета на Србија е нов почеток за целиот балкански полуостров, изјави албанскиот премиер Еди Рама, кој ќе го посети Белград на 10-ти ноември.

– Денешното време бара нов обединувачки приод за подобра иднина на нашите народи, оставајќи ги зад себе работите од минатото, кои ни пречеа да одиме напред и предизвикуваа многу конфликти и крвопролевања. Треба да го заборавиме минатото и заедно да пишуваме нови приказни за мирот и регионалната соработка, изјави Рама за агенцијата „Анадолија“.

Тој зборуваше и за конференцијата за Западен Балкан која се одржа во Берлин под покровителство на германската влада. Рама ја оцени како „историска за Балканот“.

– Денес веруваме дека Балканот и е потребен на Европа, исто како што и Европа му е неопходна на Балканот. Конференцијата во Берлин отвори нова страница и сега сите ние на Балканот, без да губиме време мора да најдеме нови начини за соработка во многу области, рече уште Рама и додаде дека балканските држави имаат голем потенцијал за економски раст, кој сепак, зависи од регионалната соработка. (Крај)

извор: Анадолија фото: АП

Post navigation

Previous Самарас го отфрли барањето за предвремени избори
Next Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.