Охрид, 2. февруари 2023 (ИНПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос утре ќе ја одигра последната од најавените четири пријателски натпревари, во рамки на подготовките за пролетната полусезона.
По Струга Т&Л, прилепска Победа и Брегалница од Штип, „рибарите“ утре на стадионот „Билјанини извори“ ја пречекуваат екипата на Работнички.
За потсетување, фудбалерите на Охрид Лихнидос есенскиот дел го завршија на шестата позиција, со 26 бодови.
Натпреварите во новата полусезона започнуваат во втората половина на месецов. Според распоредот првиот натпревар на 18-ти февруари ќе го играат во гости, кај Тетекс.(Крај)
извор: ИнПрес фото: архива