Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ристески: Се менува водоводната инсталација на улицата „Македонски просветители“ на потегот од ЕВН до Пожарна

Ристески: Се менува водоводната инсталација на улицата „Македонски просветители“ на потегот од ЕВН до Пожарна

1 min read

Охрид, 31. мај 2023 (ИНПРЕС) – Градежните зафати што се изведуваат на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната се за целосна промена на водоводната линија вели за Супер радио и InPress директорот на охридски „Водовод“, Марјан Ристески.

По појавениот дефект што е отстранет, нивните екипи преминаа на замена на цевките и правење нови шахти.

– Имаше дефект истиот се санираше, меѓутоа ќе ја промениме целосно водоводната инсталација она што и претходно го најавувавме. Дел од цевките се променети, правевме и шахти за да не останува поголем дел жители без вода при дефект. И левата и десната страна беа на ист шибер, сега ставивме шахти да се одвоени. Со промена на водоводната линија се надеваме дека ќе се надминат сите проблеми, истакна Ристески.

Моментално екипите на „Водовод“ работат на водоводната линија до крајот на улицата, а зависно од динамиката, од претпријатието се надеваат дека до пред почетокот на летната сезона ќе биде завршен и кракот од улицата покрај Пожарна, до пресек со улицата „Абас Емин“.

Кон крајот на октомври минатата година Супер радио и InPress ја обработуваа темата за честите водоводни дефекти на овој потег. Тогаш првиот човек на претпријатието како приоритетен го наведе токму овој проект, за промена на цевководите во овој дел од Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous За 12-ти јули одложено судското рочиште за Пендиков, одбраната на обвинетиот ја напушти судницата
Next Благодарница за младиот Емин Алим за хуманитарната акција за бесплатно шишање

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.