Букурешт, 12.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Романскиот министер за сообраќај Јоан Рус поднесе оставка откако со својата изјава ги навреди Романките чии сопрузи работат во странство, нарекувајќи ги „курви“.
Премиерот Виктор Понта ја прифати оставката на Рус. Министерот во интервју за телевизија рече дека три милиони Романци кои работат во странство испраќаат пари дома на сопругите кои се „курви“ за да издржуваат деца кои „не се за ништо“.
Понта на 5 јуни беше осомничен за корупција и перење пари како и соучешништво во затајување данок. Парламентот гласаше да го сочува имунитетот, а утре тој се соочува со гласање доверба. (Крај)
извор:Плусинфо фото:Алфа
