Москва, 24. август 2014 (ИНПРЕС) – Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Русија го одобри увозот на млеко и млечни производи од Србија, пренесуваат руските агенции.
Како што веќе беше објавено, на 7-ми август владата на Русија воведе целосна забрана за испорака на говедско, свинско и пилешко месо, риба, сирење, млеко и овошје и зеленчук од земјите од ЕУ, САД, Канада, Норвешка и Австралија во период од една година поради наметнатите санкции против неа.
Во однос на извозот на стоки за Русија ќе ги следиме насоките добиени од Европската унија, но во исто време ние нема да воведуваме санкции против Русија, изјави неодамна српскиот премиер Александар Вучиќ по предупредувањето од Брисел дека неговата земја го зголемува извозот за Русија.
– Го прифаќаме сериозното предупредувањето што го добивме од ЕУ, истакна српскиот премиер. „Граѓаните можат да бидат спокојни. Независно од тешката економска состојба во која се наоѓа Србија, нема никаква закана за нас“, смири Вучиќ.
Според него, Владата нема потреба да дава субвенции за извоз во Русија, бидејќи стратешка цел е членството во ЕУ. „Водиме таква политика, бидејќи таа ги исполнува желбите на владата и граѓаните кои не избраа“, изјави српскиот премиер. (Крај)
извор: ИТАР-ТАСС фото: архива







