Москва, 28.јули 2015 (ИНПРЕС) – Руски лекари подготват заклучок во врска со здравствената состојба на српскиот генерал Ратко Младиќ, кој се наоѓа во затвор на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија во Хаг и во случај на потреба можат да понудат лекување во Русија под гаранцијата на руската влада, објави РИА Новости.
Руските лекари се наоѓаат во Хаг по иницијатива на руски комитет во заштита на генерал Младиќ и по наредба на претседателот на Русија.
Лекарите ги проучувале документите и резултатите од анализите, обезбедени од лекарите на Трибуналот, и се сретнале со Младиќ за да направат лекарски преглед на генералот. (Крај)
извор:РИА Новости фото:архива