Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Женева, 9. јули 2015 (ИНПРЕС) – Британската нацрт-резолуција за масакрот во Сребреница пред 20 години беше политички мотивирана и небалансирана, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи во врска со вчерашното гласање во Советот за безбедност на ОН на документот, јави ТАСС.
Русија стави вето во ОН на поднесената од Велика Британија нацрт-резолуција, со која масакрот во Сребреница се признава за геноцид.
Амбасадорот на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјави дека усвојувањето на документот би било контрапродуктивно и би довело до зголемување на тензиите во регионот.
Други четири земји Ангола, Кина, Нигерија и Венецуела беа воздржани за време на гласањето во врска со убиството на 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница во јули 1995 година.
Според руското минисерство очигледно е дека документот, во формата во која беше претставен, беше неприфатлив како политички мотивиран, небалансиран и со штетен карактер за процесот на национално помирување во Босна и Херцеговина и на Балканот во целина. Вината за настаните фактички се фрла само на српска страна, без да се земе предвид фактот дека и самите Срби беа жртви на таа трагедија. (Крај)
извор: Focus-news фото: архива
