Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Рускиот институт за Славистика ќе го истражува јазикот на Македонците во Албанија

Рускиот институт за Славистика ќе го истражува јазикот на Македонците во Албанија

1 min read

Тирана, 13. септември 2014 (ИНПРЕС) – Претставници на  Рускиот институт за Славистика  започнаа да го истражуваат македонскиот јазик кој го говорат Македонците во Албанија.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и потпретседателот Незир Меча и неколку членови на друштвото остварија средба со Максим Макарцев, истражувач од Институтот за славистика при Руската Академија на Науки во Москва, Руска Федерација.

Според претседателот на здружението на Македонците „Илинден“, Никола Ѓурѓај, познатиот руски истражувач на средбата со Македонците во Тирана бил информиран  за  дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот празниците, свадбите, крштевките, обичаи и околу живот на Македонското национално малцинство кое живее во Тирана.

Посебно рускиот истражувач бил информиран за македонскиот дијалект кој се говори во Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци. Истражувачот Макарцев информира дека  по оваа посета ќе следат и други посети заради истражување на македонскиот јазик и дијалекти на Македонците кои живеат во Албанија. (Крај)

извор: Макфакс фото: mkd.mk

Post navigation

Previous Јахјага – Ова е важен период за Косово
Next Автобуска несреќа во Турција, загинаа 13. лица

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.