Букурешт, 25.мај 2015 (ИНПРЕС) – Дванаесет романски воени бродови, американски разурнувач и бугарски брод, како и околу 1.500 војници ќе учествуваат од денеска до 28. мај во воената вежба „Посејдон Тризабец 2015“ во територијалните води на Романија и во меѓународните води на Црното Море.
Вежбата има за цел да ја зајакне соработката меѓу силите на НАТО во услови на различни закани во рамки на операција за одговор при кризи, вклучувајќи и акција за евакуација на цивили од зона на конфликт, која ќе се спроведе на военото пристаниште Костанца на 27 мај, се наведува во соопштението на Романските воено-поморски сили
„Посејдон Тризабец 2015 “ е вежба, која е замислена, организирана и раководена од Романските воено-поморски сили, а во делот на евакуација на цивили ќе учествуваат и сили на Инспекторатот за вонредни ситуации во Добруџа, на Крајбрежната стража, на Групата за нафтени услуги и на Медицинската дирекција.
Бугарскиот воен брод се вкотвил во пристаништето Костанца во петокот.
Американскиот воен разурнувач со ракети „Рос“ и американскиот ескадрен миноносец заедно со романските бродови денеска ќе излезат на отворено море каде ќе извршуваат заеднички манври. (Крај)
извор: B92 фото: архива







