September 15, 2015

Подгорица, 15. септември 2015 (ИНПРЕС) – Соединетите држави се подготвени да го поддржат членството на Црна Гора во НАТО, под услов таа земја да ги спроведува реформите и да ја зајакне поддршката на јавноста за влегување во Алијансата.

Американскиот потпретседател Џо Бајден го потврдил ова во разговорот со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Во соопштението на Белата куќа се додава дека во зависност од натамошниот напредок во тие области, САД се подготвени да поддржат министрите за надворешни работи на НАТО на состанокот во декември да и упатат на Црна Гора покана за прием во Алијансата. (Крај)

извор: RTS фото: архива