Охрид, 13. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Во недела ќе се одржи саем за рачни изработки, во организација на Младински центар Охрид, а по повод Светскиот ден на занаетчиството.
– Посетете го саемот за рачни изработки, каде ќе можете да ги видете креациите на нашите локални мали бизниси за рачни изработки и секако да ги поддржете во нивната работа, порачуваат организаторите.
Саемот ќе се одржи на плоштадот „Христо Узунов“ во периодот од 12:00 до 15:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







