June 26, 2015

Атина, 26. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Лидерот на грчката партија “Нова демократија” Андонис Самарас најави дека неговата партија може да одигра улога во создавањето на нова владејачка коалиција, ако недоволно пратеници од “Сириза” и “Независни Грци” гласаат за идниот договор со доверителите, пишува весникот Kathimerini.

За време на состанокот на лидерите на партиите од Европската народна партија во Брисел, Самарас изјави дека ако владата во Атина го загуби парламентарното мнозинство при гласањето на евентуалниот договор со доверителите, неговата партија “Нова демократија” има желба да и помогне на “Сириза”.

Предлогот на Самарас се состои во тоа “Сириза” и “Нова демократија” да бидат дел од евентуалната нова коалиција. Според него, премиерот Алексис Ципрас и самиот тој не треба да учествува во новата влада. (Крај)

извор: Kathimerini фото: архива