March 6, 2015

Атина, 6. март 2015 (ИНПРЕС) – „Нова демократија“ наскоро ќе мора да ја заштити Грција, изјави лидерот на опозициската партија Андонис Самарас.

Според него, неговата партија е должна да ја заштити земјата, која се соочува со големи проблеми. По десетчасовната седница на парламентарната група Самарас објави дека „партијата наскоро ќе биде повикана да се справи со многу тешка ситуација“.

Во врска со повикот на неколку пратеници за итен партиски конгрес, Самарас ги повика сите да се произнесат.

– Јас немам проблем со вонреден конгрес, но нема да го направиме тоа како подарок за СИРИЗА, истакна тој и повтори дека „секој кој сака да го покрене прашањето за доверба на партиското раководство, нека каже што има и нека иницира судски процес“.

Во врска со актуелната политичката ситуација во Грција, Самарас изјави дека „работите можат да се променат за неколку дена“. Последните настани со Европската централна банка и изјавите на Марио Драги, лидерот на „Нова демократија“ ги опиша како „лоши вести“, кои според него се последица на погрешното водење на земјата од страна на владејачката партија. (Крај)

извор: АФП фото: АП