Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Само 61 Бугарин се пријавил да гласа на бугарските избори во Македонија, во Охрид не се пријавил ниту еден

Само 61 Бугарин се пријавил да гласа на бугарските избори во Македонија, во Охрид не се пријавил ниту еден

Само 61 Бугарин се пријавил да гласа на бугарските избори во Македонија, во Охрид не се пријавил ниту еден

Охрид сонце кеј Македонија стар град Островче центар лебеди брод Охрид кајче Охрид утро

Скопје/Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На претстојните парламентарни избори во Бугарија, во Република Македонија ќе се гласа на пет избирачки места: Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Охрид, објавија од бугарското Министерство за надворешни работи.

Според податоците од МНР, во земјава за гласање се пријавени вкупно 61 бугарски граѓанин. Најмногу пријавени има во Прилеп – 45, во бугарската амбасада во Скопје се пријавиле 10, во Генералниот конзулат во Битола петмина, во Струмица еден бугарски граѓанин, а во Охрид не се пријавил ниту еден. Овој број може да се смени, бидејќи на избирачките места може да се појават и да гласаат без претходно да се пријават.

Ова е занемарлива бројка во однос на вкупниот број на Бугари пријавени на последниот попис во земјава – 3.504, а уште позанемарлива во однос на бројот на македонски граѓани кои имаат бугарски пасоши, а кој според изјавите од Бугарија се движат од 120.000 до 150.000.

На последните избори во Бугарија што се одржаа во јуни годинава во Република Македонија беа пријавени 120 Бугари кои гласаа во Скопје, Битола, Кавадарци, Струмица, Велес и во Охрид. На претходните избори, пак, беа пријавени 461 лице. (Крај)

извор: Слободен печат фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Охриѓанката Наташа погребана во Германија, за убиството е осомничен нејзиниот партнер
Next Полни 11 години, се’ во Охрид е Екстра чисто, Екстра брзо, Екстра професионално со Cleanex Professional

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.