Загреб, 26. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој е осуден за корупција и воено профитерство, од вчера се наоѓа во болница, поради проблеми со срцето.
– Тој се наоѓа во Клиничко-болничкиот центар во Загреб – Ребро, објави хрватскиот портал Индекс. Истиот извор наведува дека Санадер бил итно префрлен во болницата, откако се пожалил на силни болки во градите.
Адвокатите на Санадер изјавиле дека врз него била извршена електроконверзија за да се воспостави нормална работа на срцето.
Санадер веќе одредено време не се чувствувал добро, а поради проблеми со срцето не присуствувал на неколкуте последни рочишта на судот во Загреб.
Санадер е осуден на десет години затвор. (Крај)
извор: Индекс.хр фото: архива