September 8, 2015

Сараево, 8. септември 2015 (ИНПРЕС) – Имамот на џамијата Крал Фахд во Сараево, Незим Халиловиќ Мудерис, неколку пати во своите верски предавања ги повикал терористите во име на Алах да ја нападнат Република Српска.

Тој го повикал Алах да ја урне Српска, односно како што рекол, “ентитетот создаден на злосторство и геноцид”, пишува Glas Srpske, пренесува Kurir.rs.

Халиловиќ ги повикал и “посветените поединци”, водени од раката на Алах, да ги извршуваат неговите желби и наредби.

Тој и пред комеморацијата на 11. јули во Поточари, кога бил нападнат премиерот на Србија, Александар Вучиќ, во едно свое предавање го повикал проклетството на Алах над “злосторниците и нивните помагачи, и на лобистите против резолуцијата за Сребреница”. (Крај)

извор: Република фото: архива