Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Света маченичка Агрипина

Света маченичка Агрипина

Света маченичка Агрипина

Охрид, 6. јули 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Света маченичка Агрипина.

Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските.

Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда.

Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени.

Света Агрипина се упокои во 275 година.

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 28. степени
Next Денеска промоција на стрип книгата „Авантурите на Кико и Веки“ од Јордан Манасијески

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.