Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Светите седуммина младенци во Ефес

Светите седуммина младенци во Ефес

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 17. август 2023 (ИНПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Светите седуммина младенци во Ефес.

Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа од скверното жртвопринесување и усрдно Го молеа Бога Единствениот да го спаси христијанскиот род. Беа синови на најугледните ефески старешини, а имињата им беа: Максимилијан Јамвлих, Мартинијан, Јован, Дионисиј, Егзакустодијан и Антонин. Кога беа обвинети кај царот, се засолнија на ридот Охлон зад градот Ефес и овде се скрија во некоја пештера.

Кога царот дозна за тоа, нареди да ја заѕидаат пештерата со момчињата внатре. А Бог, според Својата далекусежна Промисла, пушти еден чуден и долготраен сон на нив. Царските дворјани Теодор и Руфин, кои беа потајни христијани, дадоа таму да се вѕида и едно бакарно ковчеже со оловни плочи на коишто беа испишани имињата на овие момчиња и нивната маченичка смрт во време на царот Декиј. Оттогаш поминаа над двесте години. Во времето на царот Теодосиј Помладиот (408-450) настана голем спор околу воскресението на мртвите, затоа што имаше некои што се посомневаа во воскресението. Царот Теодосиј беше во голема тага заради овој спор меѓу верните и Му се молеше на Бога на некој начин да им ја објави вистината на луѓето.

Во тоа време на бура во Црквата, овчарите на некој Адолиј кој го поседуваше ридот Охлон, почнаа да прават трла за овците и земаа камен по камен од онаа пештера. Тогаш младенците се разбудија од сон, млади и здрави какви што заспаа. И тоа чудо се разгласи на сите страни, та и самиот цар Теодосиј дојде со голема свита и со умиление разговараше со момчињата. После една недела тие повторно заспаа со сон смртен, за да го чекаат општото воскресение. Царот сакаше да ги положи нивните тела во златни ковчези, но тие му се јавија во сон и му рекоа да ги остави на земја како што се полегнати.

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 32. степени
Next Започнува 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.