Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свети маченик Андреј Стратилат

Свети маченик Андреј Стратилат

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 1. септември 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети маченик Андреј Стратилат.

Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се понадева во живиот Бог, па од мнозинството војници ги избра само најдобрите и со нив појде во битка.

Пред битката им рече на своите војници дека ако сите Го повикуваат на помош единствениот вистински Бог Господ Исус Христос, нивните непријатели како прав ќе се распрснат пред нив. И навистина, сите војници вдахновени од Андреј и од неговата вера Го повикаа на помош Христа и извршија јуриш. Персиската војска беше наполно сотрена. Кога победоносниот Андреј се врати во Антиохија, некои завидливци го обвинија дека е христијанин и царскиот намесник го повика на суд. Андреј отворено ја изјави својата непоколеблива вера во Христа.

По тешки измачувања намесникот го фрли во затвор и му пиша на царот во Рим. Знаејќи го угледот што го имаше Андреј кај народот и кај војската, царот му нареди на намесникот да го пушти на слобода, но да демне друга прилика и друга причина за да го убие. Во откровение од Бога Андреј дозна за таа царска наредба, па ги зеде со себе сите свои верни војници, две илјади петстотини деведесет и тројца на број, отиде со нив во Тарс Киликиски и таму се крстија сите од раката на епископот Петар. И овде прогонуван од царските власти, со својата дружина Андреј се повлече далеку во ерменската планина Таврос.

Таму, во некој теснец, додека сите беа на молитва, пристигна римска војска и ги закла сите до еден. Никој од нив не сакаше да се брани, а сите беа желни за маченичка смрт за Христа. На тоа место каде се излеа потокот од маченичка крв, изби извор со лековита вода, којашто исцелуваше од секакви болести. Епископот Петар дојде потајно со свои луѓе и чесно ги погреба телата на мачениците на она место.

Сите чесно пострадаа и стекнаа венци на бесмртна слава во царството на Господ Христос.

извор: Слободен печат фото: архива

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 27. степени
Next Започнува новата учебна година, во Охрид годинава 456 првачиња, 83 помалку од минатата година

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.