Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свети маченик Калиник

Свети маченик Калиник


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 11. август 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат споменот на Свети маченик Калиник.

Родум од Киликија. Од малечок воспитан во христијанското благочестие. Остави сè и тргна да го проповеда Евангелието. Во Анкира беше фатен од некој незнабожечки кнез Сакердон. Кога кнезот му се закани со грозни маки доколку не им се поклони на идолите, свети Калиник му одговори: „Мене секоја мака за мојот Бог ми е добредојдена како леб на гладен“.

По страшни измачувања и заплашувања, кнезот го обу во железни опинци со внатрешни клинци и нареди да го водат до градот Гангрски, затоа што не смееше веќе да го мачи ниту да го погуби во Анкира, бидејќи мнозина што го гледаа јуначкото трпење на Божјиот човек се обратија во верата Христова. По патот војниците ожеднеа, а немаше вода. Свети Калиник Му се помоли на Бога и изведе вода од еден камен. Кога пристигнаа во градот Гангрски мачителите го фрлија свети Калиник во вжарена печка. А светителот Му вознесе молитва на Бога, велејќи: „Ти благодарам, Оче Кој Си на небесата, Кој ме удостои за овој час во кој за Твоето име умирам“.

Потоа влезе во огнот.

Кога изгасна огнот, го најдоа неговото тело мртво, но неповредено и цело. Чесно пострада и се украси со венец на вечна слава во 250 година.

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 26. степени
Next Охрид се сеќава: На денешен ден почина Живко Чинго

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.