Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свети пророк Елисеј

Свети пророк Елисеј


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 27. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Светиот пророк Елисеј.

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш го остави својот дом и тргна по Илија.

А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј остана и ја продолжи пророчката служба со поголема сила и од онаа на Илија. Според чистотата и ревноста им беше рамен на најголемите пророци, а според чудотворната сила што му ја даде Бог, ги надмина сите.

Ја раздвои водата на Јордан како некогаш Мојсеј Црвеното Море; горчливата вода во Јерихон ја направи питка; изведе вода во ископаните ровови за време на војната со Моавците; умножи масло во садовите на бедната вдовица; го воскресна умрениот син на жената Сонамка; со дваесет лепчиња нахрани сто луѓе; го исцели од лепра војводата Нееман, спушти лепра на својот слуга Гиезиј заради неговото среброљубие; ослепи цела една војска сириска, а друга пак ја втурна во бегство; му претскажа многу настани на народот и на поединци.

Се претстави пред Господа во длабока старост.

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево време и топло време со умерена облачност и температура до 28. степени
Next Претставата „Сергеј е многу глупав“ вечерва репризно пред охриѓани

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.