Подгорица, 13. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Седницата на црногорскиот парламент, на која треба да се гласа доверба на владата е закажана за 25 јануари годинава, пренесува РТТВ Црна Гора.
До гласањето дојде откако владата на премиерот Мило Ѓукановиќ на крајот на декември минатата година само побара гласање за доверба на Собранието.
За да се задржи управувањето се потребни гласовите на повеќе од половина пратеници – 41 глас. Владејачката коалиција во моментов располага со 44 гласа, а Социјалдемократската партија, која е дел од мнозинството има 5 пратеници, веќе најави дека нема да гласа за поддршка на кабинетот. (Крај)
извор: РТТВ фото: архива







