March 14, 2015

Белград, 14. март 2015 (ИНПРЕС) – Воен хеликоптер од типот „Ми-17“ се урна во близина на аеродромот Сурчин во близина на Белград и сите седум лица кои се наоѓале во леталото се загинати, соопштија од Министерството за одбрана на Србија.

Хеликоптерот учествувал во спасувачка мисија на болно бебе, кое од Рашка требало итно да биде пренесено во болница во Белград.

Во несреќата загинале бебето, еден лекар, еден анестезиолог, пилотот и уште три воени лица членови на екипажот. (Крај)

извор: 24 Вести фото: архива