Се’ е подготвено за јубилејното, 30-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“
July 28, 2023

Охрид, 28. јули 2023 (ИНПРЕС) – Течат подготовките за јубилејното 30-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“.

На 1 и 2 септември, на Долни Сарај во Охрид ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер, а организаторот најавува многу квалитетна музика со етаблирани изведувачи.

Годинава фолк-вечерта ќе мине во знак на македонската фолк елита со Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски и Нино Величковски, а на интернационалната ќе уживаме со Гоца Тржан и Принц, Алка Вуица, Срѓан Марјановиќ, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ.

Супер радио долги години е поддржувач на овој реномиран фестивал и остануваме и понатаму партнери во зачувувањето и промовирањето на убавата музика.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ!

извор: ИнПрес фото: архива