Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се испитува квалитетот на водата и од другата страна на езерото: Кај Поградец сите параметри се во дозволените граници

Се испитува квалитетот на водата и од другата страна на езерото: Кај Поградец сите параметри се во дозволените граници

1 min read

Поградец, 26. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во насока на зголемена безбедност на гостите и посигурна туристичка сезона, локалниот здравствен сектор при Општина Поградец во сеседна Албанија спроведе испитување на квалитетот на водата.

– Извршен е мониторинг и испитување на квалитетот на водата на брегот на Охридското Езеро, на потегот од Лин до Тушемишта, на растојание од 5, 50 и 100 метри од брегот. Сите физичко-хемиски и бактериолошки параметри се во рамките на дозволените граници, информираат од Општина Поградец.

И покрај овие наоди, Охридското Езеро, кое е поделено меѓу Република Македонија и Албанија се соочува со сериозни закани кои го уништуваат неговиот екосистем и го загрозуваат статусот на УНЕСКО.

Огромен проблем на албанската страна е и отпадот од рудниците во Албанија кој продолжува да го загадува екосистемот на најголемото езеро на Балканот. Илјадници тони рударски отпад, сè уште се наоѓаат на работ на езерото или се расфрлани во ридовите околу него.

Од УНЕСКО потенцираат дека рударската активност е некомпатибилна со светското наследство и и’ препорачаа на Албанија, за време на мониторинг мисија во 2020 година, најитно да ја премести и рехабилитира рударската депонија покрај езерото и да обезбеди трајно затворање на каква било рударска активност во овој регион.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous SUPER Fresh music: Shakira & Manuel Turizo – Copa Vacía
Next SUPER Fresh music: Rauw Alejandro & Bizarrap – Baby Hello

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.