Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се ограничуваат цените на дел од овошјето и зеленчукот

Се ограничуваат цените на дел од овошјето и зеленчукот

Акопје, 3. април 2023 (ИНПРЕС) – Владата денеска треба да ги утврди највисоките цени на дел од овошјето и зеленчукот. Со одлуката ќе бидат опфатени домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, анализите на податоците за овие производи се завршени.

Бектеши воедно ги повика граѓаните да дадат придонес во дополнување на листата производи.
– Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи. Се грижиме заедно, напиша министерот.
Владата веќе ја замрзна цената на дел од производите за хигиена, на тестенините, млечните проиозводи и на белиот и полубелиот леб до 450 грама.

Според министерот Бектеши, замрзнувањето на цените е мерка која дава резултат и можно е да се пролонгира кај одредени производи и по утврдениот краен рок, доколку се процени дека за тоа има потреба. Исто така, најави дека не се исклучени и други вакви интервенции.

Министерот е дециден дека нема да дојде до нагло поскапување на производите кога ќе престанат да важат владините одлуки за замрзнување на цените. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Утре „Првоаприлски хепенинг под маски“ на охридскиот плоштад
Next Утре времен сообраќаен режим од Стража до тетовски Групчин

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.