Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Дебрца, 10. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Со пригодна свеченост, денес во Општина Дебрца се одбележаа 80 години од формирањето на Првата Македонско-косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада.
Пред споменикот во селото Сливово делегации на ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца и на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија положија свежо цвеќе.


Првата Македонско-косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада е формирана на 11-ти ноември 1943 година во охридското село Сливово. Бригадата броела околу 700 борци од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон „Рамиз Садику“ и вториот Косовско-метохиски баталјон „Боро Вукмировиќ“.

Денес својот патронен празник го слави ООУ „Дебрца“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
