Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се прават шахти на местото на дупката наспроти Пожарната што подолго време беше оставена отворена (Фото)

Се прават шахти на местото на дупката наспроти Пожарната што подолго време беше оставена отворена (Фото)

1 min read

Охрид, 6. јули 2023 (ИНПРЕС) – Поголемата дупка наспроти Пожарната што подолго време беше оставена отворена по зафатите за поставување нова водоводна инсталација на дел од улицата „Македонски просветители“ започна да се санира.

Екипи на „Нискоградба“ на ова место прават шахти, што ќе се користат кога ќе треба да се запре водата при некоја интерванција.

Како што претходно објавивме, завршија градежните зафати за целосна промена на водоводната линија на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната.

Директорот на ЈП „Водовод“ Марјан Ристески, за Супер радио и InPress изјави дека нивниот дел од работата во овој дел е завршен, додека кракот од улицата покрај Пожарна, до пресек со улицата „Абас Емин“ ќе се реконструира наесен.

По честите дефекти на водоводната мрежа на овој потег во април и октомви минатата година промената на водоводната линија на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната беше приоритетен проект за ЈП „Водовод“. Конечно во првата половина на мај годинава започнаа градежните зафати за промена на водоводната инсталација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Се уредува теренот на стадионот „Билјанини извори“ за натпреварот на „Струга Трим Љум“ од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал
Next Сообраќајка на патниот правец Струга-Вевчани, се судрија камион и патничко возило (Видео)

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.