Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Се продава грчки остров за 15 милиони евра

Се продава грчки остров за 15 милиони евра

1 min read

Атина, 23. август 2014 (ИНПРЕС) – Грчки приватен остров со две плажа и сопствена црква беше ставен на продажба по цена од 15 милиони евра.

Островот „Света Троица“ во заливот Евбеја во Грција, има сопствен бар, игралиште, 350 маслинови дрвја, овошни дрвја и стара караула од 17-ти век. Островот се протега на површина од 52 хектари и располага со куќа со четири спални, посебен објект за сервисниот персонал со две спални и куќа на плажа, погоден за двајца гости.

На „Света Троица“ има уште и посебна зона за забави, каде можат да се соберат околу 30 посетители, и крајбрежен објект за чамци и скутери.

Се наоѓа на околу час и половина од Атина и до него може да се стигне со брод или хеликоптер. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Вучиќ – Ќе ја послушаме ЕУ, но нема да наметнуваме санкции за Русија
Next Косово остана без претседател на парламентот

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.