Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Симон Трпчевски стана почесен граѓанин на Босилово: Потекнувам од Збажди, горе на Караорман, струшко, тоа не се заборава и не се срамам

Симон Трпчевски стана почесен граѓанин на Босилово: Потекнувам од Збажди, горе на Караорман, струшко, тоа не се заборава и не се срамам

Симон Трпчевски стана почесен граѓанин на Босилово: Потекнувам од Збажди, горе на Караорман, струшко, тоа не се заборава и не се срамам

пијанист Симон Трпчевски Босилово Збажди

Скопје/Струга, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски, кој по потекло е од селата Збажди и Секирник, стана почесен граѓанин на Општина Босилово.

Признанието доаѓа откако лани Трпчевски го престави проектот „Македонисимо“ во родното село на мајка му Нетка и собра илјадници љубители на класичната музика на отворено. Признанието му го врачи градоначалникот на Босилово Ристо Манчев, откако советот на општината во април годинава донесе одлука.

– Горди сме што Трпчевски има корени од ова општина. Тој е голем професионалец и со своите дела покажа како се сака својата држава и своето родно место, што е за почит. Тој дава силна порака до сите дека независно од каде потекнувате, доколку имате талент и се трудите, успехот е загарантиран, кажа Манчев.

Трпчески во Босилово дојде со мајка си и блиски роднини. Кажа дека често бил во Секирник како дете, па се присети како со дедо му собирал бостан и пиперки. Рече дека убаво се сеќава и дека лупел пиперки за ајвар во Секирник.

– Во Македонија последните години има тенденција на заборавање на она што значи вистинска вредност на село без кое ние не може да живееме, условно кажано, ние од градот. Точно знам од што ние сме се хранеле, дали тоа било од Секирник или Збажди горе на планината Караорман, струшко. Тоа не се заборава и не се срамам. Бидејки пораснав во Секирник, веста дека ќе ме прогласат за почесен граѓанин на Општина Босилово ја примив со детски восклик и ова ме враќа во детството каде сум доаѓал, оти мајка ми е од Секирник во Општина Босилово, кажа Трпчески.

Тој лани со проектот „Македонисимо“ одржа концерт во Секирник кој траеше повеќе од два часа, а школскиот двор беше претесен за посетителите кои дојдоа да ги слушаат транскрипциите на македонската традиционална музика со поинаков аранжман од Панде Шахов во соработка токму со Трпчески, кој претходно овој проект го реализираше во Збажди, родното село на татко му. (Крај)

извор: сдк.мк фото: сдк.мк

Post navigation

Previous Утре е најважниот женски празник, се верува дека Пресвета Богородица ќе ги исполни сите желби кажани со чиста вера
Next Свечено отворена Спортската сала „Knockout Gym“, топ локација за сите вљубеници во боречките вештини

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.