August 9, 2015

Софија, 9. август 2015 (ИНПРЕС) – Филип, синот на Плевнелиев, починал од ретка болест, а немало ниту знаци ниту симптоми.

Аортата cе скиналае по целата должина и предизвикала крварење во организмот, дознава бугарскиот медиум”24 часа” од администрацијата на Претседателот. Претседателот Росен Плевнелиев и неговата сопруга Јулијана имаат тројца синови – Филип, Асен и Павле. Филип беше на 14 годишна возраст.

Филип бил исклучително цврсто и активно дете, препуштено на математиката и спортот. Затоа и ненадејна болест, од што тој си отишол така брзо, е шок за сите, коментира извор од администрацијата на шефот на државата за “24 часа”.

Момчето починало вчера во Трета градска болница во Софија. Се уште не е јасно кога било одведен на клиниката, но лекарите се бореле до последн момент за неговиот живот.

Изворот од претседателската администрација ја потврдува верзијата која медицинарите ја лансирале пред неколку часа за бугарскиот “24 часа”. (Крај)

извор: MKnews фото: архива