March 12, 2015

Атина, 12. март 2015 (ИНПРЕС) – Новата влада на СИРИЗА “радикално се противи” на приватизацијата на одредени компании, а особено оние од енергетскиот сектор и инфраструктурата, објави министерот за енергија и животна средина, Панајотис Лафазанис во одговор на доверителите.

Продажбата на државни претпријатија, со која ќе се соберат дополнителни средства за намалување на државниот долг, е еден од условите на меѓународните кредитори, а исто така и на Меѓународниот монетарен фонд, за да може Грција да добие нови заеми.

Во Брисел вчера почнаа и преговорите на техничко ниво меѓу Грција и нејзините кредитори. На нив се дискутираат реформите кои властите во Атина треба да ги извршат, за да може да добие нови спасувачки кредити и да избегне банкрот.

Во преговорите учествуваат претставници на грчката влада, Европската комисија, Европската централна банка, Европскиот механизам за стабилност и Меѓународниот монетарен фонд. (Крај)

извор: novinite фото: архива