January 18, 2015

Атина, 18. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Лево ориентираната грчка партија СИРИЗА води пред владејачката Нова демократија“ со 4,6 отсто пред предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат следната недела.

Според анкетата на социолошката агенција „Metron Analysis“ направена за „Параполитика“за СИРИЗА на лидерот Алексис Ципрас би гласале 35.4%, за „Нова демократија“ 30,8%, за „Потами“ 7,1%, за неофашистичката „Златна зора“ 5.4%, за Комунистичката партија 5,1%, за централно-левичарската ПАСОК, учесничка во актуелната владејачка коалиција, 4.2% и за „Независни Грци“ 3 проценти од граѓаните.

Анкетата исто така покажа голем број на неопределени – 48 проценти.

Претходната предизборна анкета, спроведена изминатата недела, покажа 7-процентна предност на СИРИЗА пред „Нова демократија“. (Крај)

извор: АФП фото: АП