September 18, 2015

Белград/Софија, 18. септември 2015 (ИНПРЕС) – Помеѓу 300 и 500 бегалци од Блискиот Исток секојдневно влегуваат во Србија од Бугарија, на територијата на општина Димитровград, пренесе српската национална телевизија RTS.

Според објави на телевизијата, полицијата ги регистрира во некогашната воена единица, а тие потоа наоѓаат начини да го продолжат својот пат. Граѓаните на Димитровград наоѓаат начини да се олесни престојот на бегалците во нивниот град.

– Во Србија е добро и не прифаќаат убаво. Во Бугарија не беше добро. Полицијата ни ги зеде парите и мобилните телефони. Јас сум од Ирак и патувам за Германија, изјавил еден од бегалците.

Според телевизијата, во последниот месец во многу продавници во Димитровград можат да се видат и натписи на арапски. (Крај)

извор: RTS фото: архива