Атина, 8. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот министер за труд, Панос Скурлетис изјави дека ако преговорите со кредиторите на Атина не доведат до одмрзнување на последната транша од меѓународната помош, грчката влада ќе треба да распише предвремени избори, пренесе AFP.
Пред грчка телевизија министерот посочи дека потребата од предвремени избори е условена од тоа дали Грција ќе успее да склучи договор со доверителите.
– Ако не успееме, сметам дека ќе треба да се прашаат граѓаните за да кажат што мислат, посочи Скурлетис.
Тој нагласи дека сепак продолжува да верува во можноста за постигнување компромис до крајот на јуни. (Крај)
извор: AFP фото: архива
