Ниш, 13. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Синоќа бил регистриран слаб земјотрес во централна Србија, соопшти Румјана Главчева, експерт по сеизмологија.
Епицентарот е во југозападниот дел на централна Србија, во округот Рашка, на помалку од 30 километри североисточно од градот Нови Пазар. Жителите во епицентралната зона биле разбудени од потреси, но сериозни оштетувања на градбите нема.
Потресот е почувствуван во Ниш, на околу 85 километри источно од епицентарот.
Областа е позната по слаби земјотреси. (Крај)
извор: РТС фото: архива







